Манчестер сити го презема лидерството во Премиер лигата со победа над Вест Хем (3-0). По мирна прва половина, Аке го отвори голманот на гостите во 50-тата минута, а Халанд го удвои водството со својот 35-ти гол во сезоната, погодок што значеше испишување на нова историја во најсилната англиска фудбалска лига. До оваа вечер корпулентниот норвежанец заедно со Енди Кол и Алан Ширер го делеа првото место по постигнати погодоци во една сезона, меѓутоа сега Ерлинг Халанд е сам на таа листа, т.е. со големи букви неговото име ќе биде запишано во историјата на ПЛ. На крајот само Фоден ја потврди победата, со погодок во 85-тата минута.
Ливерпул освои вредна победа над Фулах (1-0) со голот на Салах од пенал. Ова беше нивната петта победа по ред во премиер лигата.
Со 79 бодови, Манчестер сити е новиот лидер, со еден повеќе од Арсенал, кој има и еден меч повеќе. Ливерпул е на петтата позиција со 59 бодови, четири помалку од Манчестер Јунајтед, кои имаат и два меча повеќе.