ПРВА СЛИКА ОД УАПСЕНИОТ ЗА МАСАКРОТ НА МЛАДЕНОВАЦ: Седи во полициски автомобил со лисици на рацете! (ФОТО)

од Вести365.МК Ј.Р.

БЕЛГРАД – Полициската потера по Урош Б.(21) е успешно завршена и тој е уапсен утрово, нешто по 8 часот, во близина на Крагуевац, јавуваат српските медиуми.

Тој е осомничен за синоќешното масовно убиство во три села кај Младеновац, а потерата по него заврши по 9 часа полициска акција. Силни полициски сили го лоцирале, го опколиле и уапсиле кај Крагуевац, во населбата Грошница.

Тој е осомничен дека убил 8 лица, ранил 13, а 7 од нив се во критична состојба во крваввиот пир.

Да потсетиме, пукаше на три локации – во село Дубона, Мало Орашје и Шепшин и сееше смрт со автоматско оружје, убивајќи невини луѓе. По укажаната лекарска помош, ранетите кои се донесени во Итната помош се во стабилна состојба.

Извор: Курир.рс

Слични објави