Ако се чувствувате фрустрирани поради недостатокот на интимни односи, обидете се да ја насочите вашата енергија на работи кои можат да ви донесат задоволство.
Иако интимните односи можат да го зајакнат срцето и да го продолжат животот, времето поминато без секс исто така има свои придобивки, особено за вашето ментално здравје. Искористете го овој период за да се посветите на себе и на вашето тело и да работите на подобрување на вашата физичка форма.
Повеќе вежбање, повеќе самодоверба
За време на сексот, жените можат да бидат крајно несигурни за своето тело, прашувајќи се дали се доволно добри или привлечни, што може лошо да влијае на нивната самодоверба.
Периодот без секс може да ги промени вашите приоритети, па дополнителното време можете да го искористите за вежбање и промена на исхраната. Подобрата форма дефинитивно ќе ја зголеми вашата самодоверба и ќе го подобри начинот на кој гледате на вашето тело.
Истражување на сопственото тело
„Сушниот“ период е одлична можност да го истражите сопственото тело. Оние кои никогаш не доживеале кулминација со партнерот, најмногу имаат корист од самозадоволството, па сега можат да откријат што ги возбудува, а што не и кои допири навистина им се допаѓаат.
Нема страв од бременост
Животот во пар, и покрај неговите предности, понекогаш знае да биде многу заморен. Партнерите треба да се координираат меѓу себе и да прават компромиси. Има различни дискусии, вклучително и секс, поради што тепачките се неизбежни. Без секс нема драма, ниту страв од несакана бременост.
Повеќе ќе го цените сексот
Времето поминато без секс ќе ве научи повеќе да го цените сексот. Кога ќе заврши овој период, тркалањето меѓу чаршафите ќе биде поинтензивно од кога било досега, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле со истражување на сопственото тело, пишува Your Tango.