Трговијата меѓу Кина и Русија широко ја отвори вратата за плаќања во јуани во 2022 година, а денес Кина му плаќа на својот сосед нафта, јаглен и некои метали речиси исклучиво во локална валута наместо во долари, тврдат трговците. Во март, јуанот стана највообичаената валута за прекугранични трансакции во Кина, престигнувајќи го доларот за прв пат, покажаа официјалните податоци.
На глобално ниво, уделот на кинеската валута во плаќањата останува мал и изнесува 2,5 отсто, во споредба со 39,4 отсто на доларот и 35,8 отсто на еврото, според SWIFT. На подолг рок, можеме да очекуваме „ефект на снежни топки“, според аналитичарот на BNP Paribas Asset Management, Чи Ло, бидејќи се повеќе земји се приклучуваат на „јуанскиот блок“.
„Тие сакаат да го намалат ризикот од изложеност на доларот“
Тие сакаат да ја намалат својата изложеност на доларот, „особено откако видоа што направија санкциите предводени од САД кон Русија“, додава Чи. „Ова е многу долгорочен тренд кој ќе се прошири во следните 10, 20 или дури 30 години. Мислам дека во догледна иднина и во следните неколку години, јуанот ќе се користи претежно за трговија со стоки и енергија“, смета тој.
Пекинг започна со обиди за интернационализација на јуанот пред повеќе од една деценија, но валутата досега се користеше само спорадично при големите набавки на стоки во Кина, бидејќи светските цени на нафтата, гасот, бакарот и јагленот се главно врзани со одредниците за доларот.
Кина купува нафта, јаглен и алуминиум од Русија по намалени цени
Тоа почна да се менува минатата година бидејќи купувачите на Запад почнаа да ги избегнуваат руските стоки, стравувајќи од санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина. Кинеските купувачи скокнаа, купувајќи нафта, јаглен и алуминиум од Русија по намалени цени.
Во такви услови, вредноста на кинескиот увоз на стоки од Русија скокна за 52 отсто. Ова и заштеди на Кина милијарди долари, додека нејзината економија сè уште се бореше со строгите мерки за борба против Ковид-19. Почна да закрепнува оваа година и купувањата ќе се зголемат, прогнозира Ројтерс.
Во 2022 година, плаќањата во системот CIPS, кинеската алтернатива на SWIFT, се зголемија за 21,5 отсто на годишно ниво на 96,7 трилиони јуани (14,02 трилиони долари), според податоците на кинеската централна банка.
Јуанот исто така се користи повеќе на глобално ниво
Кина сега плаќа за руската нафта и помали количества нафта за греење речиси исклучиво во јуани, изјавија пет трговци со директно знаење за ова прашање. Кина минатата година увезла сурова нафта и мазут од Русија во вкупна вредност од 60,3 милијарди долари, покажуваат податоците на кинеската царина.
Сите трговци сакаа да останат анонимни поради чувствителната тема. Кинеската централна банка не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на информацијата. Увозот на стоки го зголеми трговскиот дефицит на Кина со Русија на 38 милијарди долари, иако износот се намали во првите четири месеци од оваа година. Јуанот исто така се користи повеќе на глобално ниво.
Во април, Аргентина објави дека ќе го плати увозот од Кина во јуани со цел да го намали притисокот врз нејзините резерви во долари, а во март француската енергетска компанија TotalEnergies и ја продаде на Кина првата пратка течен природен гас (LNG) платена во јуани.