По поразот од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите со 2:0, „росонерите“ загубија и на гостувањето кај Специја со 2:0. Овој пораз може да ги лиши од местото во Лигата на шампионите во следната сезона, бидејќи имаат два бода помалку и натпревар повеќе од градскиот ривал Интер.
По поразот, група навивачи на Милан разговараа со Стефано Пиоли и неговите играчи на стадионот во Специја. Пиоли и играчите го слушааа водачот на навивачите две минути, пред да се обратат на новинарите.
Пиоли рече дека нивната позиција во лигата се комплицира поради овој пораз, но се надеваат на пресврт во вторник против екипата на Интер. Исто така, тврди дека заморот по Лигата на шампионите има големо влијание на нивната форма,, но мораат да веруваат дека можат да се вратат во добра форма и да го добијат вториот натпревар против Интер.