Поранешниот канадски супермодел Линда Евангелиста наполни 58 години. Некогаш една од најубавите жени на светот помина низ тежок период во животот, кога телото и лицето и беа деформирани од естетски третман.
Линда се подложи на популарното ладно вајање, односно замрзнување маснотии, што ја чинеше нејзината убавина. Таа се здоби со деформација на лицето и телото, што е „честа“ нуспојава, по што манекенката не излегувала од дома цели пет години.

Три месеци по естетските третмани почнала да забележува испакнатини на брадата, бутовите и градите. Деловите од телото кои сакала да ги намали почнале да растат, а знаела да не ги чувствува. – Се обидов сама да го поправам, мислејќи дека правам нешто погрешно. Дојдов до точка да не јадев воопшто. Мислев дека го губам умот – рекла тогаш и на крајот се смирила со компанијата чиј третман ја изобличил.

Но, тоа не е единственото лошо нешто што таа го доживеа. Ниту нејзиниот љубовен живот не помина најдобро. Аферата со францускиот богаташ и претприемач Франсоа Анри Пино (60), сегашниот сопруг на актерката Салма Хаек (56), и донесе големо понижување.

Линда останала бремена, а Франсоа не сакал да го признае својот син. На крајот го прифатил тоа, но дури откако Линда го принудила на тоа преку суд.

Нејзиниот поранешен сопруг, со кој беше во брак шест години, францускиот моден агент Џералд Мари (73), водел валкан секс бизнис од неговата модна агенција каде што наводно силувал 13 манекенки кои имале само 14 години. Сметал дека „девиците се нефотогени“, а им давал и кокаин за да бидат слаби. Линда неколку пати изјавила дека нема поим што се случувало, но некои не и верувале.