И СДСМ бара гаранции од Бугарија

од Вести365.МК Ј.Р.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче бара гаранции од Бугарија дека нема да има повеќе барања во делот на индентитетот и јазикот, тој повика Бугарија да се однесува европски во однос на интегративниот пат на Македонија.

Според него бугарите треба да направат навистина еден чекор за еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски.

  • Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско однесување и нека кажат дека нема да го има. Толку. Нека кажат не, ние сакаме нашите соседи да се во Европа, еве ќе ви дадеме поддршка, не се грижете нема да има такви барања. Е тоа е вистинска добрососедска политика не само да притискаш некого што е помал и послаб од тебе, рече Филипче.

Тој исткна дека СДСМ работи и лобира кај сестринските партии од ПЕС за поддршка на извештајот во Европскиот парламент околу напредокот на нашата заемја. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Филипче дошол на ставот на вмро-дпмне дека не е само прашање за нашиот евроинтегративен пат промената на уставот.

Од друга страна пак Известувачот Томас Вајц за Политико изјави дека станал цел на закани од Бугарија, затоа што одбил да потклекне на притисокот од Софија околу извештајот за кој беа поднесени четири амандамни со кои се нагласува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

За мене е стандардна практика да се среќавам со претставници од од земјата кандидат за која се пишува извештајот (Македонија), а не политичари од соседите (Бугарија). Бугарските политичари прават сè што можат за да го побијат извештајот, Вклучувајќи кампањи за клевета, лажни обвинувања за корупција, лажни обвинувања за пристрасност. Се обидуваат „да го забават процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. – Томас Вајц за „Политико“.

Слични објави