Овен
Љубов:
Понекогаш треба да ризикувате, особено ако блиска личност ве инспирира да го направите тоа. Потпрете се на вашите чувства.
Работа:
Умеете да оставите сериозен впечаток на околината и да ги организирате колегите на акција. Значи, без двоумење.
Здравје:
Важно е да одговарате на вашите желби и можности.
Бик
Љубов:
Важно е добро да ги разберете оние што ги сакате. Потрудете се да постигнете емоционална блискост и да исполните нечии потреби.
Работа:
Влевате доверба, бидејќи во некои критични ситуации сте способни да донесете правилна одлука од заеднички интерес.
Здравје:
Вие сте во одлична форма.
Близнаци
Љубов:
Ве очекува недоразбирање или нова дискусија во средбата со саканата личност. Вие сте различно ориентирани.
Работа:
Треба да завршите некоја работа што сте ја започнале, дури и кога има различни мислења меѓу соработниците.
Здравје:
Потрудете се да ги решите вашите внатрешни конфликти.
Рак
Љубов:
Избегнувајте ривалство или љубоморни сцени. Покажете и на вашата сакана личност дека имате слични потреби и користете „зрнце мудрост“ кога е потребно.
Работа:
Упорно барате излез од комплицираните ситуации, но некој ве оптоварува со разни барања.
Здравје:
Ќе ви годи креативен одмор и психофизичка релаксација.
Лав
Љубов:
Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да започнете расправија или да создадете нова љубоморна сцена.
Работа:
Немојте да се залажувате дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен успех, повеќето работи можете да ги постигнете без надворешно влијание.
Здравје:
Обрнете внимание на работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Девица
Љубов:
Изгледате загрижено. Ако вашиот партнер не разбира доволно, прашање е кому да се обратите за емоционална поддршка.
Работа:
Повеќето настани ги толкувате на свој начин, упорно игнорирајќи ги ситуациите кои не се вклопуваат во вашата деловна проценка.
Здравје:
Во вечерните часови ќе ви годи одмор или психофизичка релаксација.
Вага
Љубов:
Нема причина да подгревате нечија суета, побарајте емоционална поддршка. Бидете мудри и дозволете му на вашиот партнер да има предност.
Работа:
Има спорни ситуации, бидејќи некој од соработниците ви префрлува дека не сте во тек. Избегнувајте нов деловен конфликт.
Здравје:
Ќе уживате во разговор или средба со блиски пријатели, опуштете се.
Скорпија
Љубов:
Нема причина да очекувате премногу разбирање од личност која е под негативно влијание. Потребна ви е личност со слични афинитети.
Работа:
Избегнете го непотребниот ризик на кој ве поттикнуваат одредени соработници. Не можете да ги промените сегашните услови во ваша корист.
Здравје:
Обрнете внимание на некои весели содржини, кои позитивно влијаат на вашето расположение.
Стрелец
Љубов:
Не дозволувајте бран на сомнеж кон вашата сакана личност или да ве совлада чувството на емоционална резигнација.
Работа:
Се наоѓате во необична ситуација, имате впечаток дека некој од соработниците ги тестира вашите можности или професионално ве тестира.
Здравје:
Ќе уживате во психофизичка релаксација.
Јарец
Љубов:
При средба со саканата личност, нема причина да се инсистира на некои споредни настани.
Работа:
Консултирајте се со соработниците пред да донесете конечна одлука. Повеќе глави можат да дојдат до подобро решение.
Здравје:
Ќе уживате во релаксација или средба со пријателите.
Водолија
Љубов:
Некој ги одредува правилата на однесување, а вие мора да се помирите со „дадената улога“. Се разбира, тоа не ви се допаѓа.
Работа:
Некој предлага необична идеја или полесен начин на водење бизнис. Нема причина да се однесувате арогантно или расипнички кога се среќавате со соработниците.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации и напорни обврски.
Риби
Љубов:
Вашите емоционални впечатоци и расположение се менуваат во зависност од друштвото во кое се наоѓате. Би сакале да ги продолжите само тие пријатни моменти.
Работа:
Потврдено е златното правило дека поважно е да се знае и да може, отколку да се има. Правилниот начин на размислување и делување носи успешни резултати.
Здравје:
Обрнете внимание на поуреден начин на живот, ви треба повеќе сон.