Овен
Со мудар потег, ќе постигнете одличен финансиски резултат. Ќе успеете да остваруте важна стратешка цел. Денеска може да ве маѓепса една многу привлечна личност во знакот на Вага или Стрелец. Напнати сте. Искористете го овој ден за опуштање, очигледно викендот не ви годи.
Бик
Краткотрајна дестабилизација на финансиски план. Прилагодете го работниот план на новите околности и ќе го надминете проблемот. Различните ставови помеѓу вас и вашиот партнер можат да доведат до заострување на односот. Варирање на притисокот. Контактирајте го вашиот лекар за да добиете соодветна терапија.
Близнаци
Денешниот ден може да ви донесе преговори во кои нема да има простор за компромис. Сè е во стилот или ништо. Мора да имате подготвен одговор однапред. Подгответе се за бурен љубовен состанок со личност која неодоливо ве привлекува. Проверете го видот кај офталмолог. Црвенило на очите.
Рак
Успех во креативните професии и воспоставување нова деловна соработка. Ќе блеснете на јавни настапи. Запознавањето со интересна личност во кругот на пријателите може да се покаже како судбоносно. Чувајте се од вируси. Можен е стомачен вирус, кој може да се манифестира и како висока температура.
Лав
Успешно ќе ги завршите тешките преговори, а потоа ќе започнете да работите на проект на кој никогаш порано не сте имале можност да работите. Сепак, одлично ви оди. Вашиот однос со членовите на семејството и партнерот е полн со тензии. Ниедна страна не сака да попушти. Аритмијата е последица на напната ситуација.
Девица
Денеска е можен конфликт со претпоставените и колегите, а тоа би можело да има сериозни последици врз општата атмосфера. Првиот состанок со личноста што ви се допаѓа ќе ве натера да почувствувате пеперутки во стомакот. Намалете ги слатките, како и мрсната брза храна, сè што е калорично. Во спротивно, ќе имате проблем со килограмите.
Вага
Финансиски проблем што нема да трае долго. Можни се вонредни трошоци и одложување на важно плаќање. Несогласувањата со партнерот, па дури и љубоморните сцени можат да ви донесат многу стрес денеска. Долго време имате проблем со колената, можеби поради вашата тежина.
Скорпија
Акцентот е ставен на вашите односи со колегите и претпоставените и на потенцијалните промени. Држете се до вашите принципи, но не претерувајте за да докажете дека сте во право. Одлучивте да го дефинирате вашиот однос со партнерот, кој се однесува недоследно. Падот на имунитетот се манифестира со појава на егзема, како и на херпес.
Стрелец
Овој период ви носи таен состанок каде што ќе донесете важни одлуки за идната насока на работата зад затворени врати. Емотивно ќе се зближите со личност со која досега сте имале деловни односи. Се чувствувате одлично, подготвени сте за секаков вид активност бидејќи сте полни со енергија.
Јарец
Преговорите со проблематични партнери ви создаваат главоболка. Турбулентен период во комуникацијата. Вашиот однос со партнерот се стабилизира и добива сè попосебен квалитет. Планирате заеднички одмор. Сега ваш приоритет е активноста и одржувањето на формата.
Водолија
Успешна соработка со странство. Можна е ненадејно патување. Односот со партнерот поминува низ турбулентен период. Што и да каже едната страна, тоа ќе биде ирититантно за другата. Вртоглавица. Секако дека мора да ја пронајдете причината за тоа, не смеете да ги игнорирате симптомите.
Риби
Недоразбирањето со колегите или деловниот партнер може да го направи овој ден доста стресен за вас. По разни несогласувања со партнерот, сакате да избегате некаде и да бидете сами. Намален имунитет. Проверете ја крвната слика, направете ги сите потребни анализи.