Се запали стан во Скопје поради свеќа, 22-годишна девојка заврши во болница со повредена рака

од Вести365.МК Ј.Р.

Девојка е повредена во пожар што утрово избувнал во стан на улицата „Разлошка“ во Гази Баба, каде што живеела како потстанарка.

„На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.’Разлошка’ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје,“ соопшти полицијата.

Слични објави