Видео: Масовна тепачка и хаос на мечот помеѓу Мејведер и внукот на мафијашот Готи!

Флојд Мејведер, пензионираниот и непобедлив светски шампион во бокс во пет категории, и Џон Готи Трети, внук на прочуениот мафијашки бос, обидувајќи се да се пробие во светот на боречките вештини, организираа боксерско шоу кое заврши со хаос. Натпреварот во Мајами прерасна во општа тепачка и беше прекинат.

Дедото на вчерашниот противник на Мејведер бил познат мафијаш во Њујорк, а борбата помеѓу легендарниот боксер и Готи била планирана со години. Мејведер призна дека е пријател со семејството, чие презиме се поврзува со криминалот во Њујорк повеќе од неколку децении.

Фаворизираниот Мејведер без проблем ја контролираше борбата, упатувајќи тупаници што го погодија противникот, и истовремено избегнувајќи ги неговите обиди. Сè ескалираше кога судијата Кени Бејлес ги предупреди борците да зборуваат помалку и да се борат повеќе, а потоа мечот беше прекинат поради премногу неспортско однесување ,а премалку акција.

Готи ги изгуби нервите и се нафрли на Мејведер. Судијата се обиде да го заштити еден од најдобрите боксери на сите времиња, но сепак споделија неколку неспортски удари, а потоа се вклучија и членовите на тимовите. Масовната тепачка се прелеа од рингот во публиката. Полицијата мораше да реагира и да ја евакуира публиката од арената.

Слични објави