Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски викендов го освои трофејот на фјучерсот во Скопје, но иако поените ќе му се додадат идната недела., сепак, и покрај тоа македонскиот тенисер направи скок на АТП-листата.
Калин Ивановски од овој понеделник е 412-ти играч во светот и тоа е најдобрата позиција која ја има досега, а воедно е и напредок од 9 позиции во однос на последното негово рангирање.
Вчерашниот расплет во финалињата донесе и голема промена при самиот врв, бидејќи Новак се врати на првото место и го детронизираше Алкараз, Медведев сега е трет, а четврти останува финалистот на Ролан Гарос, Каспер Руд.
Во женска конкуренција, нашата Лина Ѓорческа забележа мал пад од две позиции, па сега е 232-ра на ВТА листата со 302 освоени поени.