Вардар го освои Купот!

Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија по победа против Еурофарм Пелистер со 26:25 во финалниот натпревар одигран во Охрид.

Црвено-црните имаа предност во целиот натпревар и на полувреме водеа со 16:12. Во второто полувреме, Вардар ја задржа контролата на резултатот и на 12 минути од крајот имаше водство од 24:19. Во завршницата, Еурофарм Пелистер направи серија од 4:0 и стигна до заостанување од еден гол, но Вардар одговори со два гола и го обезбеди трофејот.

Најефикасни во составот на Вардар беа Моралес и Дутра со по седум погодоци, а Талески постигна пет гола. Во Еурофарм Пелистер, Суси и Хосни постигнаа по пет гола.

Слични објави