Англискиот фудбалер и напаѓач на премиерлигашот Брентфорд, Иван Тони рече денеска дека се чувствува „слободен“, откако му истече забраната за настап од осум месеци.
Тони беше суспендиран поради кршење на правилата за обложување пропишани од Фудбалската федерација на Англија (ФА) и последниот натпревар го одигра во мај лани.
– Се чувствувам како да останав без вај – фај мрежа, и дека повторно сум поврзан, изјави Тони за телевизијата Скај Спорт.
Тони дојде во Брентфорд во 2020 година и на 64 премиерлигашки натпревари постигна 32 голови.
Поради прекршување на правилото 232. на ФА поврзано со обложување, беше суспендиран осум месеци, а на теренот ќе може да се врати овој викенд.
„Се чувствувам како слободен човек. Чувствувам дека ми е симнат товар од грбот. Си поставив цел колку голови сакам да постигнам по враќањето на терен“, додаде Тони.