Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртфиналето од Мастерсот во Рим од 20-годишниот Данец Холгер Руне со резултат 6-2, 4-6 и 6-2.
Ѓоковиќ ги коментираше условите на турнирот како најлоши во неговата кариера и го пофали Руне за заслужената победа.
„Многу лоши услови. Ова е најверојатно најладниот и турнирот на кој видов најмногу дожд во кариерата. Многу врнеше. Честитки за победата на Руне. Брз е, талентиран и динамичен играч. Искрено беше подобар. Беше предобар за мене во поголемиот дел од натпреварот. Лошо го отворив третиот сет и тука беше одлучен натпреварот. Заслужено победи“, изјави Ѓоковиќ.