Хозе Карерас ќе настапи во Скопје заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска во придружба на Македонската филхармонија!

од Вести365.МК Ј.Р.

Avalon International Booking со големо задоволство ви најавува дека еден од најголемите светски тенори на сите времиња, JOSÉ CARRERAS, ќе настапи во Скопје на 1 септември, на голем музички настан заедно со Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, во придружба на Македонската филхармонија!

Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.

Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти: во првиот дел, публиката ќе има можност да проследи специјално осмислен концерт со македонските музички ѕвезди и повеќе од 60 врвни музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со нови оркестрации и аранжмани подготвени специјално за оваа вечер од маестро Николче Мицевски,

додека вториот дел од вечерта му припаѓа на José Carreras и неговиот безвременски светски репертоар, заедно со Македонската филхарминија и предводено од неговиот долгогодишен диригент, David Giménez.

А, во текот на вечерта ќе има и неколку специјални музички спојувања помеѓу овие два света, моменти што оставаме да останат изненадување за публиката.

По спектакуларната најава на David Guetta – Monolith Stadium Show, ова е вториот голем настан кој се организира во рамки на јубилејната програма, овојпат во знакот на класична музика и македонската музичка традиција.

Слични објави