Сослушана е М.К. (46) мајката на 13-годишниот Коста, кој уби 9 ученици и чувар, потоа рани уште шестмина, меѓу кои и наставничката во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Како што пишува Блиц, и биле поставени 10 прашања. Наводно, сето тоа било со цел да се утврди дали имало занемарување или злоупотреба на момчето.
Ова се клучните прашања поставени на мајката:
- Колку често го гледала синот, односно со кого престојувал повеќе, со неа или со татко му?
- Дали знаела дека тој одел на стрелиште?
- Ако е така, каков бил нејзиниот став за тоа?
- Дали се однесувал чудно?
- Дали момчето било малтретирано и запоставено, односно дали нешто му било одбиено, дали се пожалило за нешто…?
- Што е последното нешто што и го рекол пред да го изврши масакрот?
- Дали имал трауматично искуство?
- Каков однос имал со неа, со татко му, со семејството, со пријателите?
- Колку таа беше запознаена со неговите интереси и кои беа тие?
- Каков однос имала со неговиот татко?