Кремонезе ја победи Специја со 2-0 во директен дуел за опстанок во Серија А. Победата ги остави во живот и го стави Кремонезе на само три бода зад главните конкуренти за опстанокот, Специја и Верона. Ова е огромен успех за Кремонезе, кој после повеќе од две децении се врати во калчо-елитата.
Даниел Циофани го постигна првиот гол за Кремонезе четири минути пред полувремето, а Јохан Васкез го постави крајниот резултат во 77-та минута. Со оваа победа екипата на Кремонезе освои осум бода во последните пет меча.
Во останатите денешни дуели имаше две битки помеѓу екипите од Милано и Рим, каде миланските екипи беа подобри и со идентиќен резултат од 2:0 ги совладаа Римските екипи. Имено екипата на Милан го совлада Лацио, а Интер ја победи Рома на Олимпико.

Интер како гостин, ги искористи своите шанси и дојде до три важни бода во борбата за место кои води во Лигата на шампионите, триумфираше со 2-0, најпрво со голот на Димарко во 33-тата минута, по асистенцијата на Думфрис, а во 74-та минута белгискиот напагач, Лукаку искористи еден кикс на Ибањез и ги постави конечните 2-0.
Претходно на Сан Сиро екипата на Милан со 2-0 ја совлада екипата на Лацио.