Санчо се врати во Дортмунд

Џејдон Санчо премина во Борусија Дортмунд на позајмица од Манчестер јунајтед.

Англискиот клуб денес објави дека 23-годишниот крилен напаѓач е позајмен во германскиот клуб до крајот на сезоната.

Претходно во германските медиуми се појави информација дека Борусија ќе плаќа третина од платата на Англичанецот за шест месеци – три милиони евра, а Манчестер јунајтед ќе одвои шест милиони.

Летото 2021 година, Санчо се пресели во Манчестер јунајтед од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра.

Слични објави