Натпреварот меѓу Валенсија и Валјадолид донесе две кардинални грешки кои ги објаснуваат позициите на екипите на табелата. Валенсија успеа да победи со 2:1 благодарение на голот на Гера во 93-та минута и да излезе од опасната зона.
Пред клучниот гол на Гера, натпреварот беше одбележан од грешките на Диакаби и Масип. Диакаби направи голем кикс во првиот дел и дозволи предност за Валјадолид, но истиот играч израмни на 1:1 благодарение на аматерската грешка на Масип. Поранешниот голман на Барселона процени погрешно и дозволи гол кој беше најава за пресвртот на Валенсија.

Вилјареал го победи Еспањол со 4-2 во возбудлив натпревар и продолжува да се бори за пласман во Лигата на шампиони. Пуадо го поведе Еспањол во завршницата од првото полувреме, но Капуе и Парехо направија пресврт за Вилјареал до 63. минута. Хозелу израмни на 2-2 во 73. минута, но Џексон и Капуе го донесоа триумфот со 4-2 за „жолтата подморница“.