Во Северен Лондон се одигра возбудлив реми помеѓу екипите на Тотенхем и Манчестер јунајтед. Гостите заминаа на пауза со предност од два гола, но домаќините успеаја да се вратат во игра во второто полувреме. Санчо постигна прв гол за Манчестер јунајтед во 7-та минута, а Рашфорд го зголеми водството на гостите во крајот на првото полувреме. По десетина минути игра во второто полувреме, Поро намали за Тотенхем на 1-2, а Кејн изедначи во 79-тата минута по асистенцијата на Сон. Со оваа асистенција, Сон и Кејн го изедначија рекордот на Лампард и Дрогба за најмногу асистенции помеѓу соиграчи во Премиерлигата.
Во другите натпревари од денот, Њукасл славеше со 1-4 против Евертон и е на чекор кон пласман, на позиција која води во Лигата на шампиони, додека Саутемптон загуби дома со 0-1 од Борнмаунт и е се поблиску до преселба во втората лига.