Полски градоначалник (44) паднал од прозорец во Италија и починал. Полската агенција за печат (ПАП) извести за несреќата, но ниту таа, ниту локалната полиција не го именуваа градоначалникот. Изворите само велат дека тој бил во Италија на низа институционални состаноци.
Инспекторите рекоа дека мажот седел на прозорецот во центарот на градот Каљари на Сардинија и изгубил рамнотежа, а се верува дека станува збор за несреќа и дека немало насилство.
Сè се случи во два по полноќ.