БИЗАРНА СИТУАЦИЈА ВО АМЕРИКА: Менаџер на хотел во текот на ноќта се прикрал во собата на гостин и еве што направил

од Вести365.МК Ј.Р.

Дејвид Нил, 52-годишниот менаџер на хотелот Саут Хилтон во Нешвил, наводно се прикрал во собата на гостин додека тој спиел.

Сè се случи на крајот на март. Според локалната полиција, менаџерот бил уапсен затоа што се прикрал во собата на гостинот и му ги цицал прстите на нозете.

Гостинот се разбудил во шок и се соочил со менаџерот. Во полиција изјавил и дека го препознал од претходниот ден, кога влегол во неговата соба да му го поправи телевизорот.

Нил и признал на полицијата дека влегол во собата, но тврди дека тоа го направил само за да се увери дека гостинот е добро, бидејќи тој наводно намирисал чад.

Тој беше уапсен во неговиот дом во петокот и обвинет за кражба и напад. Тој во моментов е во затвор со кауција од 27.000 долари, пишува Њујорк пост.

Слични објави