Перез со “бомба” пред финалето во ЛШ: Да Мбапе ќе дојде во Реал?!

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, создаде бурни реакции во фудбалската јавност со својот одговор на прашањето дали Килијан Мбапе ќе премине во Реал Мадрид. На сред улица пред финалето во Инстанбул, Перез беше пресретнат од фан на Реал и му беше поставено прашање за можноста Мбапе да игра за кралскиот клуб. Без многу размислување, Перез потврди дека Мбапе ќе биде дел од Реал Мадрид, но не во тековната сезона.

Поточно, Перез изјави: “Да, Мбапе ќе дојде во Реал Мадрид. Но не оваа година.”

Мбапе, најдобриот француски фудбалер, има важечки договор со ПСЖ до јуни 2024 година, па најверојатно следното лето ќе биде време за нови трансфер вести. Пред една година, Перез и Реал Мадрид веќе водеа преговори со Мбапе за негов премин во клубот, но на крајот тој се одлучи да продолжи со ПСЖ. Од тогаш, се повторуваат шпекулациите околу неговиот иден трансфер во Мадрид.

Слични објави