Екипата на Денвер Нагетс ја дели уште само една победа од првата титула во историјата на франшизата во НБА, а првата ѕвезда на тимот од Колорадо, србинот Никола Јокиќ, продолжува да ги поместува границите во најсилната кошаркарска лига во светот.
Во четвртиот меч Јокиќ забележа 23 поени, 12 скока и четири асистенции, иако поголем дел од четвртата четвртина го помина на клупата поради набрзина направените пет лични грешки.
Но, и тоа беше сосема доволно за да направи нешто што никој досега не го постигнал. Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА, кој постигнал преку 500 поени, 250 скока и 150 асистенции во еден плејоф. Јокиќ овие бројки ги постигна на 19 натпревари.
Моментално во плејофот има просек од 30,1 поен, 13,3 скока и 9,8 асистенции.
Сосема е јасно е дека доколку екипата на Денвер ја освои титулата, Јокиќ ќе биде прогласен за МВП на финалната серија против Мајами.