Малешевиќ останува во Работнички и следната сезона!

И следната сезона, Никола Малешевиќ ќе ги брани боите на македонскиот најтрофеен кошаркарски клуб, Работнички. Српскиот интернационалец ја продолжува со соработката со „црвено-белите“ и во наредната 2023/24 сезона .

Малешевиќ, кој претходно беше дел од екипата на Пелистер, стартуваше минатата сезона во Цибона, но во ноември се приклучи на екипата на Работнички. Во Првата лига настапи на 21 натпревар, со просек од 16.0 поени, 5.5 скокови и 2.2 асистенции. Со неговиот придонес, Работнички стигна до полуфиналето од разигрувањето за титула.

Слични објави