„Лесно е да си тренер на Миовски, му кажуваш да даде гол и тој тоа го прави“

од Вести365.МК | М.Т.

Aбердин по лошата серија се врати во топ 6 во шкотското првенство, а еден од најзаслужните е Бојан Миовски кој повторно влегува во голгетерска форма.

Миовски вчера го постигна единствениот гол на натпреварот и донесе победа против Ливингстон (1:0). Тоа за Миовски беше петти гол во новата година и вкупно 15-ти во сезоната. Пофални зборови за Миовски по натпреварот имаше тренерот Бери Робсон.

„Лесно е да се работи со Бојан и да се биде негов тренер. Секогаш му велам дека негова работа е да истрча и да постигнува г олови…и тој тоа го прави. Го направи и сега против Ливингстон, ова за нас беше многу важен натпревар. Ливингстон е тим кој сака со прекини да го забавува темпото на игра, а Миовски со својот гол ги исфрли од ритам“, изјави Робсон.

Со 15 постигнати гола Миовски е трет стрелец во првенството зад Фурхаши од Селтик (19) и Шанкланд од Хартс (17).

Слични објави