Ќерката на познатиот пар, актерот Џони Деп и француската актерка и модел Ванеса Паради, Лили Роуз-Деп (23) тргна по стапките на своите родители и полека станува дел од светската кинематографијата. Оваа година таа се приклучи на драмската серија на „HBO“, „Идол“, која веќе го ангажираше Абел Тесфаје, како еден од најпопуларните пејачи на денешницата. Серијата ќе претставува прв телевизиски проект за Лили, а по тој повод таа објави серија провокативни фотографии снимени од камерата на Карим Садли за магазинот „I-D“
Лили направи прилично добро резиме по нејзиното деби во филмот „Туск“ на Кевин Смит во 2014 година. Потоа ја видовме во филмовите „Танчерка“, „Јога коњи“, „Планетариум“, „Верниот човек“ и „Кралот“. Таа годинава глумеше и во филмот „Војаџери“, а ќе ја видиме и во филмот „Тивка ноќ“, од кој најмногу се очекува.
Лили Роуз ја започна кариерата како модел, и таа како својата мајка, на речиси 16 години стана заштитно лице на Шанел. Ванеса Паради во дамнешната 1990 година ја красеше кампањата на брендот Шанел за легендарниот парфем „Коко Шанел“.
Сепак, најголемата прашина се крена околу серијата „Идол“ и фотографирањето за магазинот „Ај-Ди“, со оглед на тоа што младата актерка позираше гола.
Најголемо внимание предизвика фотографијата на која Лили носи проѕирен фустан на прерамки, бидејќи на острото око на јавноста забележа дека фустанот што Лили го носи за пролетното издание на магазинот „Ај-Ди“, многу потсетува на оној што го носеше светскиот топ модел Кејт Мос во дамнешната 1993 година на една забава на „Елит“.