Колку заработи Партизан од настапите во Евролигата?

Белградскиот тим Партизан имаше предност од 2:0 во победи против Реал Мадрид во четвртфиналето од кошаркарската Евролига. Но, сепак во серијата прв до три победи, не успеа да се пласира на завршниот турнир во Каунас. Во решавачкиот петти натпревар во третата четвртина, српскиот тим имаше предност од 18 поени, но Реал успеа да изедначи и со пресврт да ја добие мајсторката со 98:94 на домашниот терен.

Сега, Реал Мадрид ќе игра во полуфиналето на завршниот турнир против вечниот ривал од Шпанија, екипата на Барселона. За Партизан, европскиот дел од сезоната заврши.

Вкупната заработка на тимот е 1.470.112 евра, каде што 645.112 евра се за освоеното шесто место во Евролигата, а 825.000 евра се за победите, бидејќи секоја од нив беше наградена со 37.500 евра, а Партизан имаше 22 победи, од кои 20 во регуларниот дел и две во серијата против Реал.

Секако ова не ги вклучува парите заработени од продажба на ТВ права, билети, фан шоп, и други приходи.

Слични објави