Индијан Велс: Маестралниот Медведев спаси ДЕСЕТ меч-топки и го исфрли Зверев

од admin_vesti365

Даниил Медведев (Русија) го победи Александар Зверев (Германија) со 6-7(5-7), 7-6(7-5) и 7-5 на Мастерсот во Индијан Велс и се пласираше во четвртфиналето на натпреварот. Мечот траеше три часа и десет минути. Со оваа победа продолжи низата на Медведев со 17 победи оваа година. По загубениот прв сет во тај-брејк, Медведев ги спаси сите десет брејк топки во вториот сет и израмни на 1-1 по уште еден тај-брејк. Во третиот сет, при водство од 5-4, Медведев пропушти меч топка, но успеа да го освои следната гем и да ја добие победата по втората меч топка во 12-тиот гем. Медведев имаше 54 директни поени и сега води со 7-6 во меѓусебните дуели против Зверев.

Вреди да се спомене дека во вториот сет русинот незгодно го превитка скочниот зглоб по што падна на теренот, но во пролжение на мечот стисна заби и по укажаната лекарската помош продолжи да игра и успеа да ја продолжи победничката серија, со оглед на тоа што триумфира на трите претходно одиграни турнири.

Противник во 1/4 финалето ќе му биде Александар Давидович-Фокина (Шпанија), кој претходно беше подобар од Кристијан Гарин (Чиле) со 6-3 и 6-4.

Слични објави