Германскиот тим Фленсбург и ГОГ Гудме го договорија најголемиот трансфер во историјата на ракометот, според последните информации кои доаѓаат од данската телевизија ТВ2 Спорт.
Според ТВ2 Спорт, Фленсбург се согласил на ГОГ Гудме да му плати отштета од четири милиони круни или околу 540.000 евра, за еден од моментално најдобрите ракометари, данскиот репрезентативец Симон Питлик, и покрај тоа што Питлик има договор со ГОГ Гудме до 2025.
Симон Питлик по одличниот деби настап на Светското првенство годинава, стана мета на неколку богати клубови, кои сакаат да го ангажираат во своите редови.
„Сигурен сум дека ова е најголем трансфер во историјата на ракометот. Питлик моментно е најдобар шутер на светот, па сосема е нормално да бидат заинтересирани најголемите и најбогатите клубови. Сигурен сум дека ГОГ нема да го пушти за ситни пари. Претпоставувам дека сума од четири милиони дански круни ќе бидат доволни”- изјави Бент Нидегарт, поранешен тренер на ГОГ.