Mладиот шпански тенисер, Карлос Алкараз игра во одлична форма на турнирот во Индијан Велс и направи голем чекор кон враќање на првото место на АТП листата каде што се уште е Новак Ѓоковиќ.
Тој во 1/4 финалето со 2:0 (6:4, 6:4) во сетови го победи секогаш за него незгодниот французин Оже-Алисијам, од кого претходно три пати губеше, и така обезбеди место во полуфиналето.
Алкараз во битка за финалето ќе игра со Синер кој го совлада Тејлор Фриц со 2:1 во сетови.
Рускиот тенисер Даниил Медведев кој исто така игра во одлична форма и кој претставува единствена реална пречка на младиот Шпанец ќе биде фаворит во второто полуфинале против Тиафое.