39-годишниот фудбалер од Того, Емануел Адебајор, реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера. Тој истакна дека кариерата била неверојатно патување со многу подеми и падови, им се заблагодари на своите фанови за поддршката и е спремен на сите предизвици што ги носи иднината.
Адебајор ја започна кариера во францускиот Мец, а потоа играше за Монако, Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Кристал Палас, Истанбул, Кајзериспор и Олимпија Асунсион. Последен тим за кого настапуваше беше тогоанскиот Семаси.