Хозелу старо-нов играч на Реал Мадрид!

Голгетерот Хозелу е договорен за трансфер во Реал Мадрид и ќе биде првото засилување на клубот за наредната сезона. Хозелу имаше успешна сезона во Еспањол, но поради испаѓањето на тимот од Ла Лига, тој има клаузула во договорот што му овозможува да биде позајмен во друг клуб, а клубот треба да го плати неговата висока годишна плата. Клаузулата истекува на 10 јули, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, нема намера да чека и планира да ја активира следната седмица, откако ќе заврши официјалната сезона во Ла Лига.

Ова ќе биде враќање на 33-годишниот Хозелу во Реал Мадрид, каде имаше исклучителни постигнувања во младинските категории во клубот, постигнувајќи повеќе голови од Алваро Мората, кој тогаш беше негов партнер во нападот. Хозелу потоа настапуваше една сезона за првиот тим, но настапи само на две средби под водство на Жозе Мурињо. Интересн е фактот што и на двете средби против Алмерија во Ла Лига и Понферадина во Копа дел реј, постигна по еден гол.

Планот на тренерот Карло Анчелоти е да го користи Хозелу како резервен напаѓач зад Карим Бензема во наредната сезона. Меѓутоа, деновиве се појави и можноста Бензема да ја прифати понудата за премин во Саудиска Арабија, што би значело дека Реал Мадрид ќе мора да донесе голгетер од светска класа на „Сантијаго Бернабеу” во текот на летово.

Слични објави