Феникс им го нанесе првиот пораз сезонава на Лејкерс

од Вести365.МК Ј.Р.

 Феникс санс рано утрово на домашен терен ги победи Лос Анџелес лејкерс со 109:105.

Најефикасен кошаркар на средбата беше Девин Букер, кој постигна 33 поени, Кевин Дурант со 30 беше втор стрелец во победничкиот тим.

Кај Лејкерси се истакна Ентони Дејвис со 29 поени и 15 скокови.

Ова е прв пораз (3-1 победи-порази) за Лејкерс во сезоната 2024/25.

Непоразени остануваат само Оклахома (3-0), Кливленд (4-0) и Бостон (4-0). 

Слични објави