Европската куќа на фудбалот (УЕФА) е пред решение да го исфрли Јувентус, поранешниот италијански шампион од европските натпреварувања поради финансиски малверзации.
Најпрво минатата недела „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус би можел да добие жестока казна од УЕФА, иако му беа вратени 15-те бодови кои претходно му беа одземени во јануари.
На екипата на Јувентус во јануари и беа одземени 15 бодови во Италијанското првенство, поради финансискиот скандал, а неколку функционери на „Старата дама“ добија забрани за извршување на функции во фудбалот, меѓу кои казна доби и поранешниот претседател на клубот Андреа Ањели. Тогаш клубот од Торино ги отфрли обвинувањата и се жалеше на италијанскиот спортски суд поради казната, и како краен епилог Судот во Лозана ја прифати жалбата и Италијанската федерација му ги врати бодовите, но сега се соочува со казна од УЕФА.
Ова би значело дека избраниците на Алегри би можеле да бидат казнети со неиграње во Европа во сезоната 2024/25.