Крај на доминацијата на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн. Јаник Синер го запре на патот кон нова титула во Австралија опен.
Италијанецот го имаше мечот на животот и му одеше буквално сѐ.
Во првите два сета буквално го разбие. Третиот се играше тај брејк кој го доби Ноле а во четвртиот продолжи доминацијата. Апсолутно заслужено.
Го чекав овој меч. Од Новак може многу да се научи. Сѐ е ова еден пат кој мора да се помине. Играме слично, тој е добар сервер и се обидував да го терам да се движи што е можно повеќе, рече Синер.