Тинејџер од САД избркан од училиште затоа што носел маица со натпис „ИМА САМО ДВА ПОЛА“ (ВИДЕО)

од Вести365.МК Ј.Р.

„Има само два пола“. Тие пет зборови на маицата на 12-годишното дете во средно училиште во Масачусетс го натераа директорот да го избрка детето од училиштето.

Како што пренесуваат американските медиуми „Фокс њуз“ и „Њујорк пост“, родителите на ученикот Лиам Морисон збеснале кога наставниците од училиштето решиле дека маицата на која пишувало дека има „само два пола“, предизвикала нивните соученици да се чувствуваат „несигурно“ – односно оние кои припаѓаат и ја поддржуваат ЛГБТИ+ заедницата.

Лијам Морисон (12), ученик во средното училиште Џон Т. Николс Џуниор во Мидлборо, имал храброст да зборува за својата авантура за време на состанокот на комитетот на неговото училиште. Како што пренесува „Њујорк пост“, неговиот говор бил поставен на екстремно десничарскиот профил „Либс оф ТикТок“ кој исфрла горчливи коментари за трансродовата заедница и стана вирален на Твитер.

Слични објави