„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра

од Вести365.МК Ј.Р.

Компанијата „TESSA Energy“ која во 2024 година ја презеде во управување поранешната Топлана Скопје Север денеска ја пушти во употреба новата когенеративна постројка. Станува збор за инвестиција од 2,5 милиони евра, а двата генератори ќе произведуваат 2,1 мегават електрична енергија и 2,6 топлинска енергија.

Управителот на „TESSA Energy“ вели дека ова е само првата фаза, а веќе во втората фаза се планира нова инвестиција од 10 милиони евра, а целта е да се создаде современ енергетски центар.

– За нас ова не беа само деловни одлуки, презедовме многу важен енергетски објект но и одговорност да го зачуваме и дополнително да го модернизираме системот што обезбедува топлинска енергија за домаќинствата и останатите објекти во Чаир и Бутел. Но, ние не застанавме само на тоа. Уште тогаш имавме многу јасна визија да ја модернизираме постојната инфрастуркура и да ја трансформираме во современ центар за комбинирана топлинска и електрична енергија, рече Ајри Шеј.

Слични објави