Само дваесет дена по одлуката на Врховниот суд, кој ја прифати ревизијата и ја поништи одлуката на Жупанискиот суд во Сплит поврзана со заедничкото старателство на Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ над нивниот син, а старателството целосно му го врати на таткото, повторно се случува пресврт, пишуваат хрватските медиуми.
Според изворите на хрватскиот медиум, на седницата одржана на 6 февруари годинава, Жупанискиот суд во Сплит практично ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката на 12-годишното момче се обврзани „родителската грижа да ја спроведуваат заеднички и еднакво“.
Не очекував дека Сплитскиот Жупаниски суд толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно на моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција, рече Северина.
Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, која е пола-пола. Добро е што се вратија на тоа, се е подобро од два пати неделно по четири часа, но нема да застанам тука. Ќе одам до крај, ќе барам независно старателство и секако ќе продолжам да се борам за сите жени, односно нивните деца со кои системот се плетка, жртви на системот и институциите, „моќни и немоќни жени“. “, изјави Северина по новата пресуда.
„Инаку, во нашата куќа има голема прослава, славиме два родендени, а борбата продолжува…“, додаде таа.