Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку водеше непримерна песна по мечот со хрватската репрезентација.
Даку предизвика скандал навредувајќи ги Македонците и Србите со скандирање на погрдни имиња во мегафон, а во тоа го придружуваа навивачите од трибините.
Тој по мечот на разглас извикуваше „Qifsha Maqedonien“ додека навивачите ракоплескаа.
Ова е нов скандал кој го направија фудбалерите на Албанија, се очекува остра реакција од УЕФА, како и за навредите на навивачите на Албанија упатени до Србите на натпреварот против Хрватска.
Дури и еден албански новинар беше санкциониран затоа што им покажа двоглав орел на српските навивачи. Како резултат на тоа, неговата акредитација беше одземена.