Во вечерниот саботен дуел во рамките на 32-то коло на италијанското фудбалско првенств, екипата на Аталанта со 2:1 го совлада Торино на гостински терен. Во 34-тата минута Запакоста постигна прв гол за Аталанта за водство на гостите, а Торино успеа да израмни во 75-тата минута преку Санабрија. Но, во 88-тата минута, Дуван Запата постигна прекрасен гол, за повторно водство на екипата на Аталанта и беше одлучувачки за победа на клубот од Бергамо. Торино остана на 12-то место, додека Аталанта се најде на шестото место со два бода помалку од Милан и Рома.

Во првиот саботен натпревар, Рома и Милан одиграа 1:1 на римскиот „Олимпико“. Дуелот беше со малку можности, и кога се чинеше дека ќе нема голови најпрво Рома со голот на Абрахам во 94-тата минута поведе со 1:0, а потоа Милан успеа да израмни во 98-тата минута преку Саелемакерс и да остане изедначен со Рома на табелата.
Милан е четврти, а Рома петта, и имаат два бода помалку и натпревар повеќе од екипата на Јувентус која е на третото место.