Рекле дека ќе заврши како Ејми Вајнхаус, сега таа им врати

Бритни Спирс е во центарот на нова драма чиј прв чин се случи во неделата. Таа ги обвини синот Престон и поранешниот сопруг Кевин дека „измислуваат“ откако двајцата рекле дека пејачката повторно се дрогира и е зависна од злогласниот кристал мет, или метамфетамин, една од најопасните дроги на светот.

Пејачката се огласи откако тие јавно ја повикаа да побара помош „пред да биде предоцна“ пред да „заврши како Ејми Вајнхаус“.

„Не сакам моите синови да се разбудат едно утро и да слушнат дека нивната мајка се предозирала“, наводно рекол сопругот на Бритни.

Во долга објава на Инстаграм, Бритни тврди дека обвинувањата немаат смисла.

„Толку е тажно што луѓето тврдат работи кои не се вистинити… “, напиша пејачката.

„Зошто ми велат дека морам да молчам и да бидам над се кога сите потонале толку ниско“, објави таа, додавајќи дека се надева дека не го кажале тоа што е објавено.

Зборуваше и адвокатот на Бритни Спирс, Метју Розенгарт.

Самиот Кевин сега ја призна лагата на приказната, тврдејќи дека содржи „измислици“ и „лаги“ за Бритни. Покрај искористувањето и изнесувањето лажни тврдења за Бритни, особено во врска со кристал мет, „приказната“ ги искористува и нејзините малолетни деца. , кој е над секоја граница“, рече Розенгарт

Слични објави