Премиер лига: Брајтон го сруши сонот на Арсенал, Манчестер Сити рутинирано против Евертон!

Арсенал беше долг период на врвот во Премиер лигата и се надеваше дека ќе ја освои титулата за прв пат по 2004-та година. Но, на две кола пред крајот, тој има само теоретски шанси за освојување на титулата.

Денеска, навивачите на Арсенал се надеваа на помош од Евертон и на позитивен исход на нивниот меч против Брајтон, но наместо тоа доживеа вистински шок. Манчестер Сити победи со 0:3 против екипата на Евертон на гостувањето во Ливерпул, а Брајтон го надигра Арсенал со 0:3.

Брајтон, тимот на Де Ѕерби, продолжува да биде најпријатното изненадување во Премиер лигата оваа сезона и сега се искачи на шестото место. Со поразот, Арсенал полека се збогува од трофејот, додека Манчестер Сити се приближува кон освојување на нова титула во Премиер лигата.

Слични објави