Според неколку хрватски медиуми, првиот човек на Хајдук, Лука Јакобушиќ, веќе е во разговори со германскиот голман Мануел Нојер. Информациите велат дека договорот на Нојер со Баерн истекува идното лето, но тој би можел да замине уште во овој преоден рок.
Односите меѓу Нојер и Баерн Минхен се дпста заладени последниве месеци, од кога Нојер си скрши нога, на скијање, каде отишол без дозвола од клубот, а кулминацијата е бркањето на тренерот на голманите, Тончи Тапаловиќ, кој беше голем пријател и кум на Нојер.
Инаку Нојер има силна врска со Далмација., тој редовно го посетува хрватското крајбрежје секое лето, па дури минатото лето дијде во Хрватска со велосипед.. Се наведува дека при последната посета на Далмација, Нојер им ветил дека ќе игра за Хајдук. Тој и во минатото повеќе пати го носеше дресот на Хајдук во знак на почит кон клубот и регионот со што ги освои срцата на навивачите на Хајдук.