Кевин Мегинис, 57-годишен маж од Нешвил, вели дека откако јадел само Мекдоналдс 100 дена, изгубил околу 26 килограми.
Според неговите зборови, тој јадел половина од порцијата што би ја нарачал три пати на ден за да го ограничи внесот на калории за време на неговиот експеримент, пишува Гардијан. Избегнувал грицки помеѓу оброците и пиел само вода, поради што изгубил 26,5 килограми и го подобрил холестеролот, нивото на шеќер во крвта и ризикот од срцев удар.
„Порано бев преддијабетичар Сега сум во здрав опсег“, рече Мегинис.
Пред да започне со својот експеримент, тој тежел 108 килограми, а 100 дена подоцна, бројот на килограми паднал на 81,4. Мегинис додал дека на половина пат му се придружила и сопругата која ослабела девет килограми.