Зеленски ги „прозва“ членките на НАТО: „Толку се плашат од Русија…“

од Вести365.МК Ј.Р.

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека некои членки на НАТО толку се плашат од Русија што не сакаат Украина да стане членка на Алијансата.

Зеленски се запраша дали има смисла Киев да учествува на самитот на НАТО во јули во Вилнус доколку Украина не добие никаков сигнал за сопствениот статус.

Запрашан дали тој лично мисли дека Украина воопшто ќе добие сигнал од ваков тип, Зеленски призна дека навистина не знае ништо за тоа.

„Верувам дека некои земји од НАТО толку се плашат од Русија и не не сакаат во Алијансата. Ако не ни дадат некаков знак, некаков сигнал, мислам дека нема смисла да учествуваме на претстојниот самит“, истакна Зеленски во интервју за Волстрит журнал.

Да потсетиме, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло, изјави дека НАТО во моментов активно ја разгледува безбедноста на Украина во постконфликтниот период со цел да гарантира дека конфликтот нема да продолжи.

Тој објасни дека е неопходно на Украина да и се обезбеди долгорочна воена поддршка, повеќегодишни програми и да се разгледаат рамки за давање гаранции за, како што рече, Русија да не може повторно да ја нападне Украина.

Слични објави