Милевски: Не дојдовме во Рим туку-така, имаме своја цел

Утрешниот дуел со Италија е посебен. Сам по себе носи убавина и тежина, но во Рим сме да го продолжиме она што го остваривме во септември и октомври. Создаваме нова, млада репрезентација, имаме своја цел и не дојдовме во Рим туку-така, рече денеска селекторот Благоја Милевски.

Тој додаде дека немаме резултатски императив, но секогаш се стремиме да го извлечеме најдоброто од себе. Играме против една од трите најдобри светски репрезентации и максимално ги респектираме.

Италијанците имаат измени во составот, но мојот колега Спалети има голем ростер на квалитетни играчи во сите линии. Од таа страна не би требало многу работи да се променат. Италија има свој план, имаме и ние и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот. Не обрнувам внимание на написите за одмазда на противникот, ние гледаме во нашиот дом. Ние треба да се погрижиме да бидеме што подобри, истакна тој.

Слични објави