Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Александар Зверев со 6-2, 7-6 во осминафиналето на Мастерс-турнирот во Рим. Зверев го играше својот втор меч во истиот денот и беше заморен. Во вториот сет, Медведев имаше момент на конфликт со публиката, кога им порача да замолчат.
Медвдев, ќе игра против Јаник Ханфман во следната рунда, откако Ханфман направи вистински изненадување го исфрли Рубљев од турнирот.
Новак Ѓоковиќ лесно го победи Камерон Нори со 2-0 во сетови и се пласираше во четвртфиналето.
Дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Нори беше одбележан со неспортскиот потег на Британецот. Имено во вториот сет, по смечот на Нори, го погоди Ѓоковиќ во ногата. Ѓоковиќ беше завртен на другата страна и воопшто не беше во можност да го види ударот, но воопшто не беше задоволен од однесувањето на Нори и од ситуациите кои му беа дозволени. Целата присутна публика беше во исчекување за крајот од натпреварот, сепак на крајот Новак најџентлменски му подаде рака на Нори, но јасно стави до знаење што мисли за неговиот потег, бидејќи не го погледна во очи.
Целата присутна публика беше во исчекување за крајот од натпреварот, сепак на крајот Новак најџентлменски му подаде рака на Нори, но јасно стави до знаење што мисли за неговиот потег, бидејќи не го погледна во очи.
Наредниот противник на Ѓоковиќ е Холгер Руне.