Манчестер Јунајтед убедлив против Челзи, за место во ЛШ!

Оваа сезона се чини дека не е тешко да се слави над Челси. Манчестер јунајтед не само што го победи својот лондонски ривал, туку и го понижи. Касемиро ја отвори серијата на погодоци со гол по асистенција на Ериксен во шестата минута од натпреварот.

Пред крајот на првото полувреме, Марсијал постигна гол за сигурна предност на Јунајтед од 2-0. Во 73-тата минута, Бруно Фернандеш реализираше пенал и го зголеми водството на 3-0, што го одреди победникот на овој дуел. Пет минути подоцна, Рашфорд погоди за 4-0. Жоао Феликс успеа да реализира гол и да ги постави крајните 4-1.

Пред крајот на сезоната, веќе се познати сите учесници во Лигата на шампионите од Англија: Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл.

Слични објави